Децата на Новак и Јелена Ѓоковиќ не се крстени, неговата мајка Дијана ја откри причината и ја изненади јавноста!
Чекаат да пораснат за да го сватат чинот на крштевањето...
![](/wp-content/uploads/2023/06/jelena-1.jpg)
Новак Ѓоковиќ, светскиот број еден тенисер, никогаш не криел колку му значи верата и колку Бог му помага да го достигне врвот.
![](/wp-content/uploads/2023/06/gokovik-.jpg)
Со оглед на тоа колку е побожен, во јавноста се разви дискусија зошто неговите деца Стефан и Тара се уште не се крстени?
![](/wp-content/uploads/2023/06/jelena-1.jpg)
Мистеријата околу оваа ситуација ја разреши неговата мајка Дијана Ѓоковиќ, која за тоа проговори во емисијата „Додека ангелите спијат“.
Мајката на шампионот откри дека Новак и Јелена ваквата одлука ја донеле затоа што сакале децата уште малку да пораснат и да разберат што всушност значи овој чин.
Дијана воедно истакна дека е многу горда на Новак.
![](/wp-content/uploads/2023/06/новак-.jpg)
„Секој би го ставил успехот над духовниот мир. Кај Новак големата благодарност што ја има е силна. Тој е благодарен за се што постигнал, сè е божја моќ. Тој се држи до своите принципи и верувања, тоа го прави човек, тоа го прави него, “ изјави Дијана..
![](/wp-content/uploads/2023/06/јелена-.jpg)
Таа нагласи дека Новак го носи осветениот крст што го добил на Хиландар, што му дава сила. Тој помина три дена на Света Гора и тоа е многу важно искуство за него.
![](/wp-content/uploads/2022/08/novak11.jpg)
„Тој е навистина духовно суштество, се крсти кога имаше пет години и сериозно го сфати тој чин“, истакна Дијана.
![](/wp-content/uploads/2022/08/novak13.jpg)
„Има нешто во себе. Постојано го прашувам кога ќе ги крсти своите деца, а тој ми вели „кога ќе можат да го разберат чинот на крштевањето“.
![](/wp-content/uploads/2021/03/novak-naslovna.jpg)
![](/wp-content/uploads/2022/08/novak9.jpg)
![](/wp-content/uploads/2020/09/Novak-7.png)
![](/wp-content/uploads/2020/12/novak11.jpg)
![](/wp-content/uploads/2020/12/novak1.jpg)
![](/wp-content/uploads/2020/12/novak3.jpg)