Дете (12) загина во невремето што го зафати Нови Сад – потресни сцени, бурата направи хаос во градот
Бурата направи хаос во градот, погледнете како изгледа по невремето
12-годишно дете вчера загина пред зграда во големото невреме што го погоди српскиот град Нови Сад.
Како што пренесуваат медиумите од соседството, детето е пронајдено недалеку од неговиот дом, на друга адреса.
Како што пренесува „РТС“, станува збор за момче кое околу 18 часот излегло од дома и кога почнало невремето дошол до адресата на која живее неговата тетка.
Откако слушнале врисок, комшиите 12-годишното дете го затекнале пред влезот на зградата, покрај инсталациите за гас кои фрлале искри, по што го поместиле и веднаш повикале Брза помош.
Бетафото, МУП Србија
Брзата помош веднаш стигнала на лице место и медицинските лица еден час се обидувале да го реанимира, но безуспешно.
@cvrcak.bg
Се уште не е познато дали настрадало од удар на струја или гром, бидејќи неговото тело беше пронајдено покрај инсталација.
Големото невреме што го погоди Нови Сад направи големи штети, оставајќи го градот во страшен хаос.
@cvrcak.bg
Паднат кровови, срушен кран
Ветерот го однесе кровот на саемот во Нови Сад, а сруши и еден кран кој направи голема оштетување во непосредната близина.
@cvrcak.bg
Од силното невреме работите буквално летаа по улиците собирајќи и уништувајќи се што ќе им се најдеше на патот.
@profa.official Novi Sad – sada
Бројни дрва се срушени по улиците, како и летниковцки, а целиот град изгледаше како сцени од апокалиптичните филмови.