Православните христијани според Јулијански календар вечер ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.
Утре Василица. Оние кои не кршеле погача со паричка на Бадник, тоа ќе го сторат вечерва, а во чест на Василица ќе бидат запалени познатите василичарски огнови.
Народот ја слави како Стара нова година, во чест на светецот Василиј Велики, но и како обрежување на Исус Христос. Во секое маало граѓаните со големи огнови, кои се симбол на божествената светлина ги прогонуваат лошите сили и ја испраќаат старата година.
Според стариот обичај, од питата секој во семејството добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата годинаВасилица кај нас се слави во сите православни храмови.
Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.Многу семејства ја преземаат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.
Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење.