Реклама
Вести

Денеска е голем православен празник – Еве што жените не треба да прават

Реклама

Денес православните верници го одбележуваат денот на Јован Богослов, најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти наречен апостол на љубовта.

Апостол Јован е роден во Палестина. Неговите родители се викале татко Зеведеј и мајка Салома. Јован заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој е еден од првите ученици на Јован Крстител. Заедно со Свети Андреј, прв станал апостол на Исус Христос. Заедно со Свети Јаков и Свети Петар, тој е еден од апостолите на кој Исус најмногу им верувал. По воскреснувањето на Исус, тој останал во Ерусалим заедно со Свети Петар, лечејќи го народот од разни болести.

Во Ерусалим се задржал се до смтта на Дева Марија, најмногу поради тоа што и самиот Исус Христос на крстот му ја дал оваа задача да се грижи за неговата мајка. Во 60 година проповедал во Мала Азија, станувајќи бискуп и основач на христијанската црква на овие простори. Доживеал длабока старост, починал на 101 година во времето на цар Трајан. Според Библијата, кога Јован наполнил повеќе од сто години, наредил на своите ученици да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа тој влегол жив во гробот и бил погребан. Кога подоцна неговите верници го отвориле неговиот гроб, не го пронашле телото во гробот.

Маркетинг

Негов симбол е орелот. Заштитник е на писателите, издавачите, сликарите, теолозите. Неговото име се честува на 29 октомври. Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб.

На овој ден селаните кои имаат волови да ја одморат стоката. Жените не треба да плетат или да шијат. Во многу краеви во овие денови почнуваат свадбите кои траат по три дена.

Маркетинг

Овие празници се добри за патување, па оние кои мислат да патуваат овој ден нека тргнат на пат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button