Реклама
MAMAСекс

Денес ќе ти ставам на знаење дека јас имам други опции…Ќе заспиеш со солзи во очите

Реклама

Одлучив ќе го посветам своето време и ќе им одговорам на сите твои пораки.

Ќе дојдам до точката кога ќе ги лајкувам сите мажи кои ги познавам само за тебе да ти испратам порака дека не си единствен и дека не си најзгоден, како што мислиш дека си.

Денес ќе ти ставам на знаење дека јас имам и други избори и алтернативи.

Маркетинг

Ќе објавам некои работи само за да ти ставам до знаење дека имам пристап до мојот телефон, за да знаеш дека сум имала време да ти одговорам на твоите пораки, но не ти одговорив, затоа што не си мој приоритет. Сакам намерно да ти покажам дека сум ги видела сите твои пораки, но не сум сакала да ти одговорам кога ти си го очекувал тоа, а тоа е веднаш.

Нема да се извинувам поради малите работи кои сум ги направила: тоа што те игнорирав, тоа што не те прашав како ти е денот, не те прашав како помина на состанокот.

Маркетинг

Да занеш вечерва ќе доцнам на нашата вечера затоа што не сум толку возбудена да те бидам или да поминам време со тебе. И ќе ти дадам делчиња надеж, за да можеш да се држиш за мене, но нема ништо да ти предложам или ветам, за да не можеш да го искористиш тоа против мене.

Ќе зборувам за други машки и ќе зборувам за своите бивши и како уште чувствувам нешто за нив и така полека ќе ти го наметнувам чувството дека не си доволно добар за мене.

И да кога ќе се вратиш дома, ќе мислиш на мене, о да, верувај дека ќе мислиш. Ќе направам да ги премотуваш сите мои зборови, да мислиш што сум сакала да ти кажам со ова или она, што сум мислела кога сум го кажала ова или тоа. Верувај ми, цела ноќ ќе останеш буден мислејќи на мене.

Вечерва ќе си легнам без да ти пратам порака за добра ноќ, затоа што не сакам да помислиш како се уште те посакувам.

Ќе направам да се почувствуваш како и баш не сум заљубена во тебе. Ќе заспиеш со солзи во очите.

Вечерва ќе ти го скршам срцето и само ќе ја ставам главата на перница и мирно ќе заспијам.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button