На овој ден се одбележува Светскиот ден на лицата родени со Даунов синдром. Уште од 2006 година луѓето од целиот свет традиционално носат различни чорапи за поддршка на луѓето со овој синдром, кој е предизвикан од еден дополнителен хромозом.
Дауновиот синдром може да се случи во секое семејство, без оглед на расата, здравјето на родителите, начинот на живот или економската ситуација.
Оваа акција за прв пат започна во Сингапур, и стана популарна и почитувана во целиот свет, а наведениот датум е избран за да се означи единственоста на Дауновиот синдром со едниот хромозом вишок на 21 пар хромозоми. Бидејќи луѓето со Даунов синдром не можат да ги спарат чорапите, токму на овој начин можете да им ја покажете вашата поддршка.
https://www.instagram.com/p/BvRLpdUHfIT/
Името Даунов синдром ова растројство го доби по името на англискиот лекар Џон Ленгдон Даун кој во 1866 година прв го опиша овој синдром, речиси 100 години пред да се открие причината за нарушувањето. Иако другите луѓе претходно ги препознаваа карактеристиките на овој синдром, тој беше првиот што го опиша посебно, а потоа во 1959 година францускиот генетичар Жером Лежен на 21 пар на хромозоми откри уште еден хромозом вишок, наместо два, па така наместо 46, имаат вкупно 47 хромозоми.
https://www.instagram.com/p/BvRRhhFg6oL/