Реклама
Наши ѕвезди

Девојчињата КУБЕА КОСИ за нив – погледнете како денес изгледаат Јован Јованов, Елвир Мекиќ и Адријан Гаџа ФОТО

Реклама

Некогаш девојчињата „кубеа коси” за нив. Популарната тројка се собра повторно на едно место.

Адријан Гаџа, Јован Јованов и Елвир Мекиќ беа едни од најпопуларните музичари пред околу 15 години.

Нивните песни веднаш стануваа хитови, а со својот шарм и убавина кршеа женски срца.

Маркетинг

Освен што одлично пееја, тие беа едни од ретките мажи пејачи кои и танцуваа.

ФОТО: Инстаграм / Јован Јованов

Нивните настапи секогаш беа спектакуларни, надополнети со танцувачки групи.

Маркетинг

За нивните концерти секогаш се бараше билет плус. Особено беа популарни кај  женската популација. Девојчињата со нетрпение очекуваа да ги слушнат во живо.

Но, токму кога беа во екот на популарноста, секој од нив одлучи да се повлече од македонската музичка сцена и да започне нов живот.

ФОТО: Принтскрин

Јован Јованов повеќе не живее во Македонијa.

Имено, тој во 2014 година одлучи да замине од земјава, во потрага по подобар живот за него и неговото семејство, па се пресели во Канада.

ФОТО: Инстаграм / Јован Јованов

Долги години е во брак со сопругата Николина, а плод на нивната љубов е нивната ќерка Малеа.

Јованов никогаш не се откажа од музиката и во Канада соработува со истакнати светски музички имиња.

– Мојата желба беше од секогаш а и сеуште е да живам во Калифорнија САД. Поточно во околината на Лос Анџелес. Таму се гледам себе си, тоа е најдоброто место за мојата професија. Јас во 2014 бев таму да се усовршам за саунд инжинер. Канада ја одрав како најблиска држава до САД. Држава преку која може да се успее токму каде што сакам. А таму заминав оти добив иселеничка виза. Во Америка бев со студентска виза и после некое време требаше да заминам, изјави композиторот за Гламур.

ФОТО: Инстаграм / Јован Јованов

И Елвир си замина од земјава, но сепак остана на Балканот.

Целосно се повлече од шоу бизнисот и воопшто не дава интервјуа ниту изјави за медиумите.

Не е ниту активен на социјалните мрежи.

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

Она што се знае за него е дека е оженет со Лејла, која е вистинскс убавица.

Елвир и Лејла живеат во Сараево, а круна на нивната љубов им е синот Дарис.

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

Само Адријан Гаца остана да живее во Скопје, но сега има друга професија.

Тој се занимава со угостителство.

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

Сопственик е на ресторан, па времето најчесто го поминува таму.

Овој пат друштво му прсвеа неговите пријатели и колеги.

Популарното трио сега се собра на едно место.

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

Се чини како времето да запрело за овие момчиња.

Сите тројца изгледаат фантастично, но нема драстични промени во нивниот изглед.

Дружбата ја овековечија со фотографија. Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

ФОТО: Инстаграм / Јован Јованов

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

ФОТО: Инстаграм / Јован Јованов

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

ФОТО: Инстаграм / Елвир Мекиќ

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button