“Девојката со крилја” откри кои биле нејзините најголеми стравови пред да се породи: Сега гордо го држи своето бебе и докажа дека може да се успее само ако се има силна волја
Дејана е горда мајка на Лара...
Дејана Бачко регионот ја запозна како „Девојката со крилја“. Родена без раце, но како што за себе вели се чувствува како да има крила.
Сликарката и шампионка во паратаеквондо, која се занимава и со стрелаштво, Дејана Бачко е родена без раце, а одамна како модел на однесување ја избра борбата и стана предмет на восхит на многумина.
На почетокот на годината стана мајка и продолжува да го воодушевува регионот.
Ќерката го добила името Лара, што доаѓа од грчкиот јазик и значи победа.
Сопругот на Дејана, Марко Нежиќ, е нејзин најголем поддржувач и многу и помага во одгледувањето на бебето, но таа вешто успева да се грижи за својата наследничка и покрај нејзиниот хендикеп.
Новопечената мајка за многумина е инспирација и пример како со силна волја се е можно.
Сега објави видео на TikTok каде покажа како се грижи за својата ќерка и ги стопи срцата на многу следбеници.
Имено, Дејана објави видео во чиј опис пишуваше:
„Ова беше мојот најголем страв“, а на видеото можете да видите како го крева бебето од креветчето, подготвува оброци и го храни, па го носи од едно место на друго.
@marko_dejana This was my biggest fear at start 🙈 Do not limit yourself ❤️🚀🔥 #parents #parenting #family #kids #love #children #baby #education #momlife #parenthood #mom #motherhood #dad #teachers #school #parentingtips #learning #students #familytime #mother #maman #child #dadlife #babies #babyboy #life #happy #covid #parent #babygirl
Го кревам бебето од кревет, иако немам раце“, напиша Дејана Бачко и воодушеви многумина.
„Супер жена, суперхерој“, „Голема почит“, „Ти си чудо, секоја чест“, се само дел од комплиментите упатени до Дејана.