Двајца Џамбази на едно место – слушнете како Игор Џамбазов заедно со татко му ја пеат легендарната македонска песна
Таткото на Игор Џамбазов, Маестро Александар Џамбазов, ги воодушеви сите кога запеа на роденденот на својот син.
Имено, актерот Игор Џамбазов деновиве го прослави својот роденден во еден познат ресторан во Дојран, а на прославата беше и неговиот татко.
Тие двајцата во еден момент заедно ја запеаја легендарната македонска песна Лија си од Славе Димитров.
Како тие звучат заедно слушнете во видеото што следува:
Инаку, Александар Џамбазов е роден во 1936 година во Војводина и е познат македонски диригент и композитор. Тој Музичката академија ја завршува во Белград, а целиот свој работен век го поминал во Македонската радио телевизија како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.
Што се однесува до песната „Чија си“ музиката за неа е компонирана во текот на 1969 година во Битола, а текстот и аранжманот се создадени во Скопје во 1971, изјави во една пригода Славе Димитров.
Песната имаше две верзии, првата во интерпретација на Славе, а втората на Крунослав Киќо Слабинац.
Нејзината прва изведба на Скопскиот фестивал во 1971 година во интерпретација на Славе Димитров е наградена, но не од стручното жири, туку од страна на публиката. Жирито покажало музички далтонизам. Оттогаш „Чија си” станува хит. Се исполнува и во други аранжмани, но праизведбата си останува најверна и на формата и на содржината.