Дарко објави тажни вести на Инстаграм – неговиот татко е во болница, состојбата е критична, има многу мали шанси да преживее?
Како што објави порталот Пинк, таткото на Дарко Лазиќ, Милан, бил на операција на желудникот, но дошло до компликации.
Заради компликациите неговиот татко моментално се наоѓа на интензивна нега и е во критична состојба.
По овие вести се огласи и познатиот фолкер на својот профил на Инстаграм:
„Што сé јас преживеав и ако ми даваа само 5 отсто шанси дека ќе преживеам, ти ќе преживееш и со 1 отсто, бидејќи ме направи и си посилен од мене“, напиша Дарко под фотографијата со неговиот татко.
Еве како изгледаше неговата објава на Инстаграм.
Се огласи и мајката на Дарко
Мајката на Дарко, Бранка Лазиќ, за Пинк потврди дека Милан е во критична состојба, бидејќи операцијата се искомплицирала. Тој во моментов е во нтензивното одделение во болницата.
„Не сум добро. во лоша состојба сум заради Милан. Се уште не знаеме ништо точно, лекарите ништо не ни кажуваат. Дојде до компликации, го оперираше желудникот, како и Дарко. Тој тоа потешко го поднесе, критично е, на интензивна е. Дарко е млад, на него му беше многу полесно. Сега сите се молиме за него“, порача Бранка со солзи за „Пинк“.