Даниел Кајмаковски го откри името на сопругата- Со оваа убавица го чека второто дете!
Пејачот Даниел Кајмаковски ја изненади јавноста на почетокот на годината кога на Инстаграм објави фотографија со својата вереница на која напиша ,,Штотуку венчани’’ и откри дека по вторпат стапи во брак.
Тој минатата година за прв пат на јавноста и’ откри дека има нова љубов, за веднаш потоа да почне да објавува фотографии со убавицата – која е негова нова избраница.
Неодамна Даниел сподели убави вести со своите следбеници и откри дека ќе стане татко по втор пат.
Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име… Те чекаме наше малечко момче, напиша Даниел во објавата од фотографијата која ја сподели а на која е неговата избраничка со трудничко стомаче.
За својата сакана, тој неодамна на Инстаграм напиша „Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“.
Иако долго време го криеше нејзиниот идентитет за велигденските празници тој сподели фотографија на која ја означи сопругата и откри дека се вика Марина.
Неговата нова избраничка е во поодмината бременост а пејачот откри дека по втор пат ќе стане татко на момче.
Да потсетиме, Даниел неколку години беше во брак со манекенката и пејачка, Кристина Димитриевска.
Плод на нивната љубов е нивниот син Давид.