Дама со стил: Сега е јасно на кој личи Јелена – македонската водителка е иста како мајка си
Познатата македонска водителка е копија на својата мајка.
Јелена позираше покрај мајка си и покажа колку си личат.
Водителката Јелена Спенџарска се вбројува меѓу највлијателните личности врз публиката кај нас.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
На Инстаграм има над 56 илјади следбеници и таа тоа одлично го користи.
Соработува со многу брендови кај нас и пошироко, а после секоја нејзина препорака за одреден производ, истиот е распродаден.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Јелена веќе извесно време живее на релација Скопје – Солун, бидејќи од таму е нејзиното момче Лукас.
Според она што го споделува со своите седбеници, Јелена изгледа посреќно од било кога.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Таа тоа постојано го истакнува, односно дека се чувствува смирено, среќно и сакано.
Заедно со Лукас посетија многу убави места ширум Грција ова лето, но водителката не ги изостави ниту патувањата со семејството.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Неколку пати замина во родното Берово кај своите најблиски, а неколку пати со нив отиде и на одмор.
Нејзиното семејство ѝ пружа неизмерна поддршка во сѐ што прави.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Спенџарска
Водителката на Инстаграм сподели и фотографии на кои позира со својата мајка и на кои може да се види дека премногу си личат.
Витката линија, убавината, но и стилот на облекување ги наследила токму од жената која ја родила.
Погледнете и уверете се: