Дали сте слушнале за „мастурдејтинг“? Во светот е многу популарен и психолозите велат дека секој треба да го практикува
Нов тренд во машко-женските односи
Ако сте сами, односно без партнер или партнерка, знаете колку е тешко да ги следите промените во односите меѓу мажот и жената и трендовите на „дејтинг“ сцената . Тие постојано се менуваат и ги обликуваат нашите љубовни приказни, па така во претходниот период имавме „orbiting” – феномен што значи дека вашиот поранешни партнери остануваат и те како присутни во вашиот живот. Со недели, месеци, па и години по раскинувањето и тоа преку социјалните мрежи.
Фото: Unplash
Непосредно пред тоа се појави и „ghosting” – синдром, кој го означува моментот кога еден од актерите во емотивниот однос, без разлика дали тој се уште се развива, или тоа можеби веќе се случило, едноставно исчезнува. Не треба да заборавиме ни на “gaslajting”, термин кој вклучува лажење, одбивањето да се признае вината и постојаните напади на идентитетот и на самата личност на партнерот, но ова е само почеток – овој феномен значи и насочувањето на другите против вас, пласирање на повеќе верзии на истите приказни, коментари кои имаат за цел да ве понижат.
Сега на таканаречената „дејтинг“ сцена се појави уште еден нов термин, поточно „воскресна” од 2015 година, а во прашање т.н. „мастурдејтинг”, а и покрај тоа што и самото име звучи безначајно, всушност, станува збор за нешто што секој од нас би требало да го практикува.
Мастурдејтинг-от едноставно претставува уметност да излезете на состанок сами со себе – да уживате сами во вечерата или да посетите кино, повторно сами. Поентата е да почнете да се третирате себеси на истиот начин како што тоа би го правеле со некој кој е посебен во вашиот живот.
Фото: Unplash
Вие не треба да чекате некој да ве замоли да излезете – едноставно излезете со себе и бидете сигурни дека времето ќе го поминете навистина добро, добро облечете се, одете на некое позитивно, интересно место и дајте си можност самите себеси да се запознаете подобро.
Фото: shutterstock
За да сфатите подобро кој сте, што сакате во животот, што ви пречи, за што се грижите, кон што целите …
Фото: shutterstock
„Запознавањето на самите со себеси е начин да откриете кој сте и што најмногу ви носи радости. Кога ќе одлучите да се запознаете односно да се препознаете себеси, ќе научите многу повеќе за себе отколку што другите можат да ви кажат. Тоа е релаксирачко и ослободително искуство и на мозокот му испраќа многу моќна порака “, објаснуваат за познатиот британски портал „Метро“, Селина и Вики, креаторките на познат онлајн курс за љубовни односи.