Австралиската инфлуенсерка Белл Луција (24) неодамна ги информираше нејзините 1,4 милиони следбеници на Инстаграм дека се здебелила само десет килограми во бременоста, иако таа веќе е во третиот триместар.
– Се здебелив вкупно 10 килограми (досега, сеуште има време!) Го сакам моето! Не се срамам. Бебето е приближно со големина на папаја и должина од 36 сантиметри – таа напиша под фотографијата каде позира во сини бикини во 26-та недела од бременоста.
https://www.instagram.com/p/BzShX2YnVhu/
Иако повеќето следбеници коментираа колку слабо изгледа, другите беа преокуирани за големината на бебето.
Ја сум занемена од вашата бременост, тоа е неверојатно колку ви е мал стомак! Не можам да поверувам колку телата можат да се разликуваат – напиша еден корисник. Збунет сум од твојот стомак не изгледа дека си бремена дали е сигурна дека си во 27-тата недела? Третиот вели дека е мала.
https://www.instagram.com/p/BzKqC2RHUVQ/
Многумина беа и изненадени дека оваа инфлуенсерка не ги корегира фотографиите на кои и се гледаат вените на градите.
– Знам дека имам вени на градите. Тоа е затоа што обемот на крв се зголемува за 50 проценти во текот на бременоста и тие исчезнуваат после бременоста кога обемот на крв се враќа во старата состојба, напиша таа.
https://www.instagram.com/p/By8HX4ZBn41/
Нејзиното мислење предизивика лавина позитивните коментари, а многумина ја фалеа затоа што не ги избриша вените, пишува The Sun.