Дали Палчо сакал да ја грабне и сестрата на Вања? Овој шокантен детаљ досега никој не го забележа
Дали намерата на осомничените биле да ја грабнат и сестрата на Вања и дали таа се спасила во последен миг само заради тоа што тој ден губела час?!
МВР и обвинителството открија шокантни детали во врска со грозоморното убиство што ја потресе земјата.
Како што беше откриено, осомничените 14 годишната Вања Ѓорчевска ја грабнале во влезот од нејзината зграда. Тие ја врзале и ставиле во вреќа, па потоа со возилото марка цитроен кое претходно го присвоиле од убиениот Панче Ж. од Велес, се упатиле надвор од Скопје.
Според информациите што ги даде министерот Оливер Спасовски еден од осомничените, Љупчо Палевски, Палчо, информациите за движењето на малолетното девојче ги добивал директно од нејзиниот татко, кој исто така сега е во притвор заедно со останатите осомничени.
Но она што остана нејасно е дали осомничените имале намера да ја грабнат и сестрата на Вања, со која заедно оделе на училиште.
Фото: Фејсбук
Имено, како што претходно мајката откри за медиумите, тој ден Вања тргнала сама на училиште затоа што нејзината сестра го губела првиот час. Од информациите што таа ги даде во „Слободен печат“ додека полицијата се уште трагаше по нејзината ќерка, таа изјави дека вообичаено со сестричката одат заедно на училиште, но таа го губела првиот час и останала дома, а Вања заминала сама.
Од тука се поставува прашањето дали таткото знаел дека сестрата на Вања ќе оди сама на училиште, па му ги пренел на првоосомничениот, а тој потоа ги организирал и останатите од групата да го искористат моментот кога таа е сама, без својата сестричка, што е малку веројатно.
Како прво, според изјавата на министерот Оливер Спасовски, автомобилот со кој била грабната Вања дури кога требале да го извршат овој грозоморен чин почнале да го возат, а претходно истото неколку дена било скриено и не било користено. Што значи дека тие однапред го имале испланирано денот на грабнување, па доколку се докаже дека сестрата на Вања дознала дека ќе губи час вечерта, во неделата, што најчесто се случува, тешко дека истата информација во исто време би ја добил и таткото. И голема е веројатноста тој воопшто и да не знаел дека Вања тој ден ќе оди сама на училиште, впрочем како што можеби не знаел и дека мајката ќе биде веднаш информирана од класната доколку Вања не дојде на час, што и се случи.
Фото: Фејсбук
Мајката претходно, додека полицијата трагаше по Вања, во своите изјави за медиумите, откри дека таткото иако не живеел со нив, имал клуч од нивниот стан (повеќе за ова види тука). Но без разлика дали тој клучот од станот го добил откако Вања веќе била исчезната или го имал цело време кај себе, тешко дека таткото во истото време и ќе дознал за еден таков мал детаљ од нивниот живот, односно дали неговата ќерка баш тој ден ќе оди сама на училиште или не.
Што значи дека и тој да ги доставувал информациите на Палчо, навистина мала е веројатноста дека можел да знае дека токму тој ден неговата втора ќерка нема да има прв час, а Вања ќе биде сама во влезот. Од друга страна доколку се докаже дека тој е невин, односно дека Палчо на некој друг начин дошол до информациите за движењето на неговата ќерка, тогаш се поставува прашањето дали намерата била да се грабнат и двете девојчиња.
И во двата случаи, постои сомнеж дека на осомничените лица не им била целта само Вања, посебно ако се земе во предвид сето она што претходно го изјави нејзината мајка во медиумите.
Фото: МВР
Еве што конкретно изјави таа за „Слободен печат“ кога откри зошто Вања тој ден тргнала сама на училиште.
„Вања не беше жртва на булинг. Немавме нарушени семејни односи и нашата фамилија нема непријатели. Цела ноќ бевме во полициска станица Беко и сите полициски единици се максимално ангажирани и затоа ми е криво што ја критикуваат полицијата. Верувајте дека се прават но ќерка ми ја нема. Дознав дека ја нема кога класната ми кажа дека не пристигнала во училиште утрото, бидејќи тоа не е вообичаено да не дојде зашто, кога некое дете е болно пишуваме во групата. Вообичаено на училиште одат со сестричката, но таа го губеше првиот час и остана дома а Вања замина на училиште сама“.
„Сите опции се разгледуваат од страна на полицијата, нема насока во која не се размислува и во која не се истражува. Се претресуваше собата, сите пораки се прегледаа, компјутерот им го дадов, ништо не најдовме. Роднини се вклучија, родителите на соучениците, камерите се разгледаа, но тие немаат поширок спектар и гледаат само блиску до бизнисите. Никаде ја нема, на ниедна снимка. Сите родители се сложни, дури и велат ајде да ги однесеме блиските другарчиња во станица, тие што ја познаваа. Нема шанси за булинг, средината на ќерка ми е многу сложна. Помалата сестричка сега ми кажува, ‘мамо, лепат слики од Вања во Центар на бандери’“, низ солзи и видно вознемирена и во комплетен шок и неверување изјави за „Слободен печат“ мајката на 14 годишната Вања Ѓорчевска, Зорица (види тука).
Потсетуваме, малата Вања беше киднапирана на 27 ноември околу 7.20 часот наутро, кога излегла од дома и тргнала кон училиштето.
Таа е совладана и врзана во влезот од зградата, во строгиот центар на градот, а по неколку часа е и убиена, на локација во близина на Скопје. Нејзиното тело е пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда, а недалеку од таму пронајдено е и возилото со кое беше грабната.
Фото: Фејсбук
Tелото на малата Вања Ѓорчевска беше пронајдено откако осомничените лица го признаа делото во полиција.
Тие посочиле каде ја закопале девојката, но и берберот од Велес кого претходно го убиле и му го одземале автомобилот.
Како што беше наведено уште од првичното соопштение од МВР, мотивот бил користољубие.
За овие две грозоморни убиства обвинети се пет лица, меѓу кои е и таткото на девојчето, а едно лице е во бегство.