Реклама
Вирално

Ќе дочекаме ли и во Македонија закон недела да биде неработен ден?

Реклама

Нов закон што би можел да им се допадна на нашите граѓани

supermarket1

Во Полска пред неколку години стапи на сила законот за задолжително неработење во недела и голем број маркети и продавници од самиот почеток почнаа да го почитуваат. Според опозицијата во Полска кога беше донесен законот, и која се противеше на неговото донесување, десет илјади работници ќе останат без работа. Тие се противеа и покрај тоа што законот се спроведува етапно – прво маркетите и продавниците треба да не работат само две недели во месецот, потоа бројот на неработни недели да биде зголемен на три во месецот и од 2020 да почне целосно да се применува законот, односно сите четири недели да бидат неработни.

Законот беше донесен во 2018, а веќе од оваа година на трговците им забрането да работат во недела, освен двете недели пред Божиќ, Велигден и уште четири последни недели во одредени месеци од годината. Овој закон во Полска беше поддржан од претставниците на Католичката црква, а успешноста на законот предизвика и други земји во регионот да почнат да размислуваат на оваа тема.

Маркетинг

Недела слободен ден и во Македонија

Сличен закон планира да донесе и нашата влада, а тоа неодамна го навести вицепремиерката за економски прашања, а поранешна министерка за труд и социјална политика – Мила Царовска. Имено, таа најави дека во министерството во кое до неодамна беше на челна позиција се размислува да се донесе ново законско решение со кое ќе биде решено ова прашање. Неделата ќе биде прогласен за неработен ден за сите, а работниците ќе се плаќаат по час.

Ваквите вести посебно им се допаѓаат на работниците кои токму работењето прекувремени саати, како и за време на празниците и викендите ги изнесуваат како едни од најголемите проблеми со кои се соочуваат. Истражувањето на здружението на граѓани „Гласен текстилец“ од Штип во кое беа опфатени 870 испитаници, покажува дека 70 отсто од нив работат прекувремено, додека 59.3 отсто работат над 50 часа неделно, а само 11.3 отсто се изјасниле дека не работат на празници и за викенд. И овие бројки се поразителни, бидејќи сабота и недела треба да бидат денови за одмор и за семејството, што кај нас очигледно ретко се случува.

Маркетинг

Црна Гора е првата земја во регионот што неодамна забрани работа во недела

Откако Црна Гора го усвои законот трговските центри и продавници да не работат во недела, што беше пракса во бројни европски земји, се постави прашањето дали ваков закон би можел да заживее и во Македонија. Според поранешната Министерка за труд и социјала, а сегашна вицепремиерка за економски прашања Мила Царовска, недела како неработем ден и плаќање по час треба да бидат нови предизвици на коишто треба да се работи во идниот период.

Но како што вели таа, за ова мора да се дебатира со бизнис секторот и со синдикатите. Треба сите заеднички да ја донесат одлуката која што ќе биде најдобра за сите.

Сега купувањето овошје, зеленчук, месо и други прехранбени намирници во одредени продавници се достапни и по седум дена во неделата. Некои маркети работат и во ноќните часови, но според трговците, тој ден работењето на продавниците не е неопходно. На земјите членки на европската унија им е дозволено сами да си го одредат работното време на продавниците на основа на своите традиционални, културни и верски потреби. Па така вратите на продавниците за потрошувачите се затворени во недела во девет држави меѓу кои се Франција, Германија, Австрија и Полска.

Нов вирус во регионот

Но овој пат не е во прашање вирус од кој луѓето се разболуваат, туку нешто од што многумина ќе бидат среќни. Имено, на Балканот почна да се шири вирус кој ги фаќа газдите трговци – по Црна Гора и Хрватска, еден газда и во Србија одлучи своите вработени да ги ослободи од работа во недела. Имено, откако неколку сопственици во регионот одлучија да стават катанци на своите продавници барем еден ден во неделата оваа иницијатива полека почнаа да ја прифаќаат и други во регионот. И тоа е за пофалба, за разлика од оние газди на кои ни на крај памет не им е да ги ослободат своите вредни работници да се одморат барем во недела.

Слободан Матицки кој е сопственик на книжара во Трстеник, во разговор со „Телеграф.рс“ вели дека ова го направил заради почит кон своите вработени. Неговата книжара од 1.1. 2020 не работи во недела, иако досега недела секогаш била работен ден за нив. Тој е свесен дека со ваков чекор губи финансии, бидеќи во прашање се 52 дена во годината во кои остварувал профит, но на долги стази може и да добие. Неговите вработени ќе бидат попродуктивни, позадоволни и ќе имаат мотив да се трудат повеќе во текот на неделата. Неговите работници секако дека беа воодушевени од оваа одлука, а сигурни сме дека и работниците во Македонија нема да реагираат поинаку кога и некој наш газда би решил да ги затвори своите продавници во недела и да им даде малку одмор.

Што мислите вие за ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button