Современите казанчиња на веце-школките имаат по две копчиња – поголемо и помало.
Тие не се таму без причина, напротив, иако повеќето луѓе не размислуваат за нивната вистинска цел.
Дали го притискате вистинското копче?
Секое копче го контролира количествотот на вода кое се пушта. Малото е за мал дел, големото за поголем дел.
Помалиот дел, во просек, има околу 3 до 4,5 литри вода, додека поголемиот има волумен од шест до девет литри.
Целата поента на двете копчиња е да користите онолку вода колку е потребно.
И бидејќи на повеќето луѓе не им е гајле кое копче го притискаат, научниците испитуваат колку штедат ако работат според инструкциите – одговорот е дека просечното домаќинство заштедува до 20.000 литри вода годишно, а таа ставка влијае на сметката и влијание врз животната средина.