Дали е ова една од најубавите и најзгодните трудници во Македонија? Прв пат го откри и полот на бебето
Познатата спортистка ги воодушеви сите со новите фотографии
Поранешната кошаркарка Едина Муса на почетокот од септември објави среќна вест на својот Инстаграм профил.
Имено, оваа 33-годишна русокоса убавица откри дека е во блажена состојба и дека за неколку месеци ќе стане мајка.
На фотографијата што тогаш ја објави убаво се гледаше нејзиното трудничко стомаче, а откри и дека е во петтиот месец од бременоста.
Инстаграм/ Едина Муса
Од нејзините објави може да видиме дека ужива во блажената состојба, но и дека се уште е во топ форма и покрај бременоста.
Имено, поранешната кошаркарка која сега работи и како фитнес инструкторка и нутруционистка со својата најнова фотографија на која позираше во еден фризерски салон ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Едина Муса
Насмеана и средена од глава до пети Едина покажа како изгледа, а многумина и порачаа дека блеска во ова издание.
Инстаграм/ Едина Муса
Нејзиното совршено тело и во бременоста ги воодушеви сите, посебно што носеше хеланки и тесна црна маичка.
Таа во рамките на своите Инстаграм приказни сподели и една фотографија на која во фокусот е нејзиниот труднички стомак, иако додека седеше воопшто не и се познаваше дека е во блажена состојба.
Инстаграм/ Едина Муса
„Мајката на Максим“, напиша Едина во описот на фотографијата откривајќи дека носи машко дете, но и дека веќе го избрале и името.
„Кукла“, „Блескаш“, „Прекрасна“, беа само некои од коментарите што Едина ги доби под ова нејзино прекрасно издание.
Инстаграм/ Едина Муса
Од објавите може да видиме дека Едина е во одлична кондиција, а ги воодушеви сите и со тоа како беше облечена.
Имено, покрај тесната црна облека и преубавата фризура, оваа русокоса убавица комбинираше и супермодерни мокасини.
Инстаграм/ Едина Муса
Токму рамните чевли се вистински избор за бремени жени, а повеќе од очигледно е и тоа дека Едина знае како да ја одржува својата линија.
Повеќе за тоа како таа го прави тоа, погледнете тука…