Дали ви личи на 6-ти месец – Миа Костова го покажа трудничкиот стомак
Познатата инфлуенсерка од Скопје сподели фотографија на која е бремена.
Некогашната водителка Миа Костова денес е една од најуспешните инфлуесерки во земјава.
Одлуката да заврши со телевизиската кариера и целосно да се посвети на инфлуенсерството како професија, многупати има истакнато дека била најдоброто нешто што го направила за себе.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
Миа е голем вљубеник во модата и модните трендови и токму затоа оваа професија за неа е всушност голео уживање, а не работа.
Кога нешто се работи со љубов секако дека носи и голема заработка.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
Позната е по тоа што секогаш отворено и искрено, без влакна на јазикот зборува на сите теми, па можеби токму затоа е и упешна.
Некои се воодушевуваат на нејзината смелост, а некои ѝ завидуваат.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
Миа знае како да го привлече вниманието на гледачите и секоја прилика ја користи во своја корист.
Не сака премногу во јавност да зборува за својот приватен живот.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
Таа е самохрана на мајка на Андрија, кој наскоро ќе наполни 12 години.
Ужива во мајчинството и е многу горда на својот син, а тоа го истакнува во секој нејзин пост поврзан со таа тема.
ФОТО: Инстаграм / Миа Костова
Андрија честопати оди со неа на патувања.
На својот Инсаграм профил Миа сподели фотографија направена во времето кога била бремена со Андрија.
„Aко ви личи ова на 6 месец бременост, јавете ми“, стои во описот.