Далеку од очите на јавноста – ќерката на Влатко и Силви порасна во ВИСТИНСКА УБАВИЦА, а ова е нејзиното момче!

Ќерката на популарниот македонски пар покажа како таа и нејзиниот сакан го наоѓаат својот мир и спокој.
Силви бенд е дуо кое опстојува веќе 30 години на македонската музичка сцена, може да се пофали со многу концерти, свирки и песни кои веднаш стануваат хитови.
Силви и Влатко Плевнеш, освен со својот талент, пленат и со добрина, скромност и љубов која ја пренесуваат преку музиката.
Инаку, Силви и Влатко на македонската музичка јавност за прв пат и се преставија уште во почетокот на 90-тите години, кога особено станаа популарни со големиот макфестовски хит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш па се’ до денес, зад себе имаат безброј настапи, хитови, музички видеоспотови.

„Бакнеж како музика, Ме полудуваш, Само мој, Ако ме љубиш, Не сакам крај… и секако најголемиот нивен хит испеан на „Макфест 91“, со кој и ја започнаа естрадната приказна „Ангели ме носат“ се песните кои не враќаат во младоста и будат убави спомени кај секој од нас.
Покрај тоа што се долго време заедно во музичките води на забавната македонска песна добро познатите Силви и Влатко се заедно и во приватниот живот како сопружници.

Како плод на нивната љубов ја имаат ќерката Деаделина која на некој начин тргна по патот на своите родители.
Деа дипломирала на светскиот Универзитет во Амстердам ЕСАЕ Институт и многу сме горди на таа нејзина диплома, светска, призната во целиот свет.
Силви пак вели дека Деа е изразит индивидуалист и е сосема своја, како и заслугите кои што ги има во животот сака да бидат лично нејзини. Воопшто не сака да се фали и кити со постигнувањата на нејзините родители и најверојатно тоа е и причината поради која заминала надвор од земјава.

Деа Плевнеш живее во Холандија каде што дипломираше џез-тапани, а работи и како диџеј.

На својот Инстаграм профил сподели видеа од утринската јога која ја прави заедно со нејзиниот сакан.
Се гледа дека и двајцата се доста професионални во тоа, затоа што без тешкотија изведуваат многу од покомплицираните пози.
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш
Фото: Инстаграм / Деа Плевнеш