Давид Давидовски: Јас не сум облечен како жена, ова се парчиња за маж!
Овој скопјанец станува ултрапопуларен со тоа што е уникатен и сигурен во себе. Тој одлично се снаоѓа како млад водител и убеден е дека ќе има светска слава.
Тој е дефинитивно еден од најконтриверзните ликови на нашата естрада. Давид Давидовски е радиоводител во Метрополис.
Тој има своја авторска емисија „Ти реков, ми рече“ , која оди и како поткаст на јутјуб.
Во емисијста му гостуваат звучни имиња, пристапот му е неконвенционален, овој скопјанец со изгледот се издвојува и е уникатен, светски… За кратко време овој проект стана многу популарен.
Со само 21 година успеа да направи тотален пресврт, неговото појавување во јавноста ги разбранува совцијалните мрежи.
Давид е многу самоуверен, на интервјуа каде што се појавувал го истакнува тоа дека е заљубен во себеси, дека тој е најдобар и најубав, дека го копираат и дека е вистинска ѕвезда.
Дел од публиката многу го сака, дел пак го озборува, го критикува, го напаѓа…
Најчесто, во очи им паѓа неговата облека. Тој е секогаш облечен многу храбро. Комбинациите кој тој ги прави не би ги виделе на друг.
На озборувањата, лошите коментари не потклекнува, напротив ништо не може да го кутне. Тој не се замара со тоа и во интервју кај Стефан Лазараов ќе рече:
Ако сме вистински патриоти нема меѓу себе да се мразиме и навредуваме. Како сакаме да не сакаат Срби, Американци, Албанци …кога ние сами не си се сакаме, вели Давид.
Тој додава дека е голем патриот.
Во истото интервју, тој објаснува за неговиот стил на облекување. Откако водителите Лазаров и ководителот Зоки Фаци ќе го прашаат зошто носи женска облека , тој категорично реплицира:
Ова не е женска облека, јас никогаш не сум се облекол во облека за жени. Се што е на мене е за мажи, Добро да, купено е од бутик за жени, но не е женска облека. Јас не сум облекол никогаш фустан, вели радиоводителот.
Зоки Фаци е упорен и продолжува да го анализира, му вели дека корсетот е за жени и шапката, но Давид не остапува и инсистира дека се што носи на себе е облека за мажи.
Давид станува ултрапопуларен со тоа што е уникатен и сигурен во себе. Тој одлично се снаоѓа како млад водител и убеден е дека ќе има светска слава.
На една негова инстаграм-објава напишал
Медиумот е магија, а јас сум магионичар!
На интервјуата во својот поткаст секогаш е облечен посебно.
Тој има изјавено дека негов идол е Јелена Карлеуша.