Реклама
Нега и здравје

Да сум на твое место ОВА НЕ ГО ЈАДАМ пред спиење!

Кои се четирите најлоши намирници кои не треба да се консумираат пред да одиме во кревет?

Реклама

Дали треба или не треба да се внесе храна пред спиење кога се чувствува глад?

Нутриционистката Елајза Локу вели дека консумирањето одредени намирници пред спиење не е воопшто добра идеја. Таа смета дека, иако има намирници кои можеме безбедно да ги консумираме и кои нема да го нарушат квалитетот на нашиот сон, сепак не е препорачливо да се јаде навечер.

Маркетинг
ФОТО: today.com

Според неа постојат работи кои се незамисливи дека треба да се консумираат во доцните вечерни часови.

ФОТО: thoughtco.com

Четирите најлоши намирници кои можеме да ги јадеме пред спиење се чоколадо, сирење, зачинета, или масна храна и сладолед, вели Локу.

Маркетинг

 

ЧОКОЛАДО

Според неа чоколадото содржи големи количини на кофеин, кој лошо влијае на квалитетот на нашиот сон, односно може да доведе до несоница. Исто така, чоколадото има многу шеќер, па затоа и не е најдобриот избор за јадење пред спиење.

cokolado1

 

СИРЕЊЕ

Сирењето е всушност една од најлошите намирници што можете да ги јадете пред спиење, според нутриционистката.

Имено, сирењето, особено зрелото сирење, содржи високо ниво на аминокиселината тирамин, која буди енергија, па може да ни го расипе сонот. Тираминот ги стимулира надбубрежните жлезди да ослободуваат хормони кои предизвикуваат да се чувствуваме будни.

ФОТО: unsplash.com

За да може нашето тело целосно да ги вари мастите од храната, потребно е време. Токму поради оваа причина, треба да избегнувате консумирање мрсна храна пред спиење, а истото е и со зачинетата храна.

Покрај тоа, зачинетата храна може да се меша со регулацијата на температурата на нашето тело, што бара високо ниво на енергија, што го прави звучниот сон речиси невозможен.

hrana1 cr

 

Јадењето слатка храна пред спиење може да доведе до нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта, кое подоцна се намалува за време на спиењето. Така е и со сладоледот, како и со другите слатки.

Според Индекс, храната која предизвикува значителни скокови и падови на нивото на шеќер во крвта предизвикува ослободување на хормони како адреналин и кортизол, што може да доведе до проблеми со спиењето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button