Да наздравиме за човекот кој никогаш НЕ изневерил – Карлеуша со ФОТОГРАФИЈА ја откри вистината за нејзиниот брак!
Познатата пејачка долго време на својот Инстаграм немаше објавено фотографија со својот сопруг Душко Тошиќ.
Тоа воедно ги поттикна сомнежите дека нешто се случува со нивниот брак, но овие денови се појавија бројни заеднички фотографии. Од нив можеме да заклучиме дека Јелена и Душко сепак се во добри односи, иако медиумите во изминатиов период објавија дека имаат сериозни проблеми.
Имено, медиумите објавија дека Душко наводно во Истанбул се забавува со својата љубовница, но пејачката го демантираше тоа на лице место. Таа му пружи голема поддршка на сопругот кога тој го потпиша договорот со турскиот клуб „Касимпаша“, а сега судејќи според новите фотографии на Инстаграм, и отпатува во Истанбул за да биде со сопругот за празникот „Свети Трифун“ и „Денот на вљубените“.
Таа од Босфорот му посвети и објава на својот сопруг, а нејзините зборови се уште одекнуваат на социјалните мрежи.
„На здравје за добриот, поштен, нерасипан човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, за големиот спортист. На здравје за човекот што никого не изневерил, понижил или осрамотил. Никого. Никогаш. Човекот без ниту една дамка во својот живот… Имам потреба да напишам: Никој Душко тебе не може да те извалка, не постои таква зла намера, таква лага која може да го извалка добриот човек и неговото семејство“ напиша Јелена покрај нивната заедничка фотографија. Пепајчакат со тоа воедно покажа и дека нема место за неверство, како што нема место ни за трето лице во нивниот очигледно складен брак.
Без разлика што медиумите пишуваат за нив, тие секогаш успеваат да пронајдат начин да се издигнат над проблемите, а фактот што се уште не објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, тоа значи дека својот приватен живот и бракот сакаат да го зачуваат далеку од очите на јавноста. Но овој пат со нивните нови заеднички објави тие како да покажаа дека се изморени од бројните гласини и нагодувања за нив, кои очигледно немаат баш многу врска со вистината, во што овој пат се уверија и нивните фанови.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Зоран Бирташевиќ
Фото: Инстаграм/ Зоран Бирташевиќ