Д-р Несторовиќ тврди: Во лето нема да има опасност од Ковид-19, бидете без страв во јули
Познатиот српски пулмолог, доктор Несторовиќ верува дека на високи температури коронавирусот тешко дека ќе опстане. Единствено прашање за летово е што државите ќе се одлучат во однос на мерките, вели тој.
– Нема шанси нешто да има преку лето. Од 1. јули потполно е невозможно да има вирус. На висока температура тој не може да опстане долго. Преку лето се ќе биде во ред, барем што се однесува до тоа. Прашање е само како државите ќе го регулираат тоа што се однесува до протокот на луѓе и летувања. Меѓутоа, тоа прашање не е во наш домен. Преку лето вирусот нема да го има, мислам дека за тоа никој и не размислува, рече д-р Несторовиќ.
– Сега акцентот е врз луѓето, нема големи ограничувања освен забраната за собирање на луѓе. Секој е одговорен за своето здравје. Останува да се почитуваат мерките како кога е епидемија на грип, а тоа се дистанца и миење на раце. Нема револуционерни мерки – рече д-р Несторовиќ.
Тој вели дека враќањето кон нормалниот животен тек треба да се одвива полека.
– Мислам дека за едно две до три недели нема повеќе да имаме нови случаи. Тогаш можеме да очекуваме крај на епидемијата. Меѓутоа, тоа е студиска проценка. Според книгите мора да поминат 28 дена, но мислам дека е доволно да поминат седум дена без нови случаи, смета доктор Несторовиќ.