Хороскоп

Грција го помести Велигден – требаше ли тоа да го направи и Македонската православна црква?

Advertisement

„Секое зло за добро“

Фото: Фејсбук/ Бигорски манастир

Со оглед дека еден од најголемите христијански празници се падна во вонредна состојба која е продолжена на уште 30 дена, заради пандемијата на вирусот корона, на социјалните мрежи се уште се дискутира за прашањето како оваа година верниците требаше да го прослават Велигден.

Advertisement

Црквите иако не беа затворени верници празникот го прославија со своите најблиски и во семејната опкружување, најпрво во своите срца.

Иако некои корисници на социјалните мрежи ги критикуваа верниците дека се неодговорни и со причеста ризикуваат да се заразат, нашите црковни великодостојници ги испочитуваа мерките пропишани од владата и покажаа како во вакви услови треба да се слави овој многу интимен и мил семеен празник за нашиот народ. И секоја чест за тоа.

Некои литургии можевме да ги следиме на социјалните мрежи, а од она што го видовме во Бигорски манастир се воодушевивме. И покрај тоа што против свештениците, па и верниците во изминативе денови беа и атеистите, и агностиците, и либералите, и демократите и аристократите… Тие не штедеа зборови да ги нападнат, покажувајќи ја својата поганост и не разбирајќи го другиот.

Преку крст до воскресение

Во секое искушение што нè снаоѓа, ние треба да ја пронаоѓаме Божјата семилостива промисла за нас и да го исползуваме тоа испитание за сечие добро. Нашиот народ честопати повторува една преубава изрека: „Секое зло за добро“. Ова не се само празни зборови за некому да му се даде некаква плитка утеха. Напротив, оваа фраза крие во себе длабока теологија. Според значењето таа се изедначува со она евангелското: „Преку крст до воскресение“. Впрочем, да се потсетиме дека Господ Христос го ползувал секое искушение, секое зло, за да направи многукратно добро. Преку Своето Сопствено страдание и Крст, му дарува на светот воскресение, живот и радост. „Зашто, ете, преку Крстот дојде радост за целиот свет“ – пееме во една црковна химна. Па така, треба да Му дозволиме, преку молитва, покајание и смирение, и ова искушение да го претвори во општо добро. И секако, смирено да се молиме да се смилува, за што побргу, со Негова помош, да се надминеме оваа криза., изјави Архимандрит Партениј во велигденското интервју за „Битолски Весник“

Од друга страна интересно е да споменеме дека Грчката православна црква донесе одлука велигденската прослава да ја одложи за Велигден за Вознесение Христово (Спасовден), за кое време се надеваат дека црквите би можеле повторно да се отворат, објави „Ортодокс тајмс“.

Можеби слична одлука требаш да донесе и Македонската православна црква, поради своите верници кои немаа дозвола да бидат надвор за време на полицискиот час. Но тие решија да ги прослават велигденските празници во кругот само со свештенството, и ја одржаа воскресната литургија која му дава на празникот целосно значење.

И дефинитивно не згрешија!

Имено грчката црква ја служеше Велигденската литургија на Велигден, додека за верниот народ литургиската велигденска прослава ја помести некаде кон крајот на мај. Досега никој од нашата Црква не ја коментираше оваа одлука, но затоа не потсетија дека празникот се слави со душа и срце, и дека нема потреба од самоволие и импровизации. Имено, тоа би можело да ја релативизира возвишеноста на празникот, а не постои причина од воведување на непотребно новотарство во црковниот живот и древната традиција на нашата црква. Светилиштето на храмот е светилиштето на децата Божји, топлина на верата во душата на народот, исполнето со љубов кон Бога и нивните ближни.

И тие не мора да бидат во храмот за да бидат исполнети со божјата благодет. Треба само да ги отворат своите срца и да се радуваат на празникт на празниците, да се радуваат на воскресението. Затоа Велигден треба да се слави како што тоа го правеле и нашите предци, и сите заедно и за овој празник да се помолиме оваа чума што му се случува на целиот свет што побрзо да исчезне. Бидејќи само со вистинска и силна вера, со надеж и љубов кон Бога можеме да истраеме во овие тешки времиња, да го надминеме и ова искушение и следното утро да се разбудиме уште посилни.

Христос Воскресна, навистина Воскресна!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button