Благоја Грујовски објави среќна вест – на познатиот пејач му пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Весело во домот на Благоја Грујовски...
Познатиот фолк-пејач Благоја Грујовски вчера славеше роденден, па доби голем број честитки на социјалните мрежи.
Имено, популарниот македонски пејач наполни 61 година, а бројни колеги и колешки му го честитаа роденденот меѓу кои Сузана Спасовска, Татјана Стефановска и многу други.
Инаку, познатиот пејач и покрај тоа што е во седмата деценија, се уште изгледа одлично за свои години.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тоа може да се види и од една од неговите последни фотографии на која позираше без маичка, во жолти шорцеви.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Фотографијата е направена за време на летување, пред неколку недели, а познатиот пејач е со сопругата Ирена Мировска со која е 14 години во брак и го имаат синот Марко.
На фотографијата е и неговата колешка Сузана Гавазова заедно со својот сопруг, Босанецот Јасмин Курузовиќ.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
„Малку одмор конечно“, напиша Грујовски во описот на фотографијата, а токму овој коментар предизвика реакции на социјалните мрежи.
„Убав одмор Баже, само не кукај, не знам од што се умори(вте). Од добрите тезги- хонорари.. не збори! Го иритираш на тој начин народот кој и онака е збеснат и разочаран од сé и сешто во оваа Севернава“, пишува еден корисник на социјалните мрежи во коментарите под споменатата фотографија, по што Баже веднаш му одговори:
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
„Никој не кука, секој што работи треба да одмори, така и ти. Одмори си ја душата од јадови и глупости. Поздрав“, му порача пејачот.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Инаку, под фотографијата можат да се прочитаат и коментари од поединци кои се незадоволни што тој настапуваше на прославата по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија, на настан организиран од страна на владејачката партија СДСМ, односно од нивната општинска организација од Кисела Вода. Настанот традиционално се организира во Пеленица, а покрај Благоја настапи и Сузана Гавазова и уште неколку нивни колеги, додека некои решија да го откажат своето гостување заради притисокот.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Од овие причини многумина ги критикуваа музичарите што настапија на оваа прослава, а вакви критики имаше и под споменатата фотка.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Но Благоја очигледно не е премногу загрижен од ваквите коментари за што зборува и неговата објава од пред неколку дена.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Имено, тој на еден коментар на нашинец кој живее во Австралија и кој побара да се бојкотираат овие музичари во неговата земја, му напиша дека кога ќе дојде време ќе оди во Австралија, како Македонец и македонски пејач и дека нема причина да се срами.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
„Песната не познава партии, туку луѓе, народ. Јас ќе пеам секогаш на прослави каде што се собира народ, вмро-вци или сдсм-овци. Сите се од мојот народ. И во приватниот живот имам блиски луѓе со драстично различни мислења. Едните ме критикуваат, другите ме пофалија, ама никој не ми се налути. Живото е поголем од политиката“, напиша тогаш познатиот пејач во коментарите на Фејсбук.