Во познатиот серијал за волшебникот Хари Потер, тој беше Невил Лонгбот.
Како што го паметат гледачите тој беше ликот кој наликуваше на неспретен, а многумина го нарекуваа и „грдото пајче“. Метју Луис кој го глумеше овој лик, порасна во вистински заводник, а неодамна се ожени за вистинска убавица.
Метју денес има 28 години, а првиот игран филм го снимил во 2001 година во познатата филмски серијал. Англискиот филмски, телевизиски и театарски актер е ангажиран и за други проекти, но дефинитивно оваа улога засега е централен дел од неговата кариера.
Кога станува збор за неговиот приватен живот, пред неколку дена, тој стапи во брак со прекрасната русокоса која на оваа свеченост носеше романтична венчаница. И фактот дека физичкиот изглед е нагласен низ целиот текст не е во знак на поддршка за предрасудите, туку во знак на борба против нив. Значи, ако за некого велите дека е смотан или грдо пајче, погледнете како физички може да се промени тој лик низ годините!