Гранд ѕвезда со македонски корени на која никој не и верува дека е МАЛОЛЕТНА – сите шокиpaни кога ќе им ги каже годините!
Се уште не и е јасно дека е позната!
Пејачката Зорана Миќановиќ која се прослави додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ се уште е скромна девојка и славата воопшто не ја промени.
Таа за себе вели дека се уште не може да сфати дека ја препознаваат на улица, но очигледно тоа воопшто и не и пречи.
„Јас останав иста, навистина, но кога ќе дојдам во својот град, во Шабац, кога ќе излезам да купам нешто од продавница, луѓето некако чудно ме гледаат и коментираат ‘Ене ја онаа што ја пее Сиктер’. Тие се сликаат со мене, а јас се уште не сфаќам дека сум станала позната и дека има толку голем хит, но навистина останав нормална“, вели Зорана, пишува „Гранд.онлајн“.
Таа наскоро треба да го прослави својот 18-ти роденден и како што вели за Гранд, кога требало со нејзината мајка да резервира локал за прослава, луѓето не можеле да поверуваат дека пејачката нема 18 години.
„Постојано имам некои ситуации луѓето да не ми веруваат дека сум малолетна“, раскажува низ насмевки пејачката.
Инаку Зорана во една емисија посебно ја изненади нашата публика која откри дека има македонски корени.
„Можеби ова е една новост, мојата мајка е од Македонија и јас имам македонски корени“ откри тогаш Зорана.
Песната Сиктер на Зорана има преку 15 милиони прегледи и беше прва на сите тренд листи на Балканот, како и на самиот врв на австриските и германските тренд листи.
Песната е голем хит и во Македонија, а како Зорана изгледаше во спотот, но и во приватниот живот, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд