Гранд ѕвезда се бори со тешка болест – објави слики од хемотерапијата, откри низ што поминува
Покажа како игледала пред и по хемотерапијата
Пејачката опиша детали од својата борба
Пејачката Наида Бешлагиќ која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ во 2014 година неодамна јавно прозборе за својата борба со тешката болест и ја опиша ситуацијата низ која што поминува.
Таа се бори со карцином на јајниците, а преку социјалните мрежи објави фотографии на кои е без коса и детално ја опиша својата битка.
Како што самата истакна во овие свои обраќање, Наида сето ова го прави за да им помогне на оние што минуваат низ истото.
Фото: Инстаграм/ Наида Бешлагиќ
Таа сега на Инстаграм за прв пат објави фотографии направени за време на лечењето и откри како изгледала тогаш.
Фото: Инстаграм/ Наида Бешлагиќ
„Мојата прва хемотерапија, збунетост и страв од непознатото. На главата ми е студена капа. Тоа е направа што ја набавив преку мои пријатели од Америка, наводно спречува опаѓање на косата.“
Фото: Инстаграм/ Наида Бешлагиќ
„На мене за жал не ми помогна, но слушнав и видов дека кај некои жени на ТикТок делува“ напиша пејачката на Инстаграм, па потоа објави уште една фотографија.
Фото: Инстаграм/ Наида Бешлагиќ
„Фотографијата е направена седумнаесеттиот ден по мојата прва хемотерапија. Таа вечер излегов со пријателките додека никој околу мене не можеше да забележи дека имам канцер и дека сум во процес на лечење“.
„18 ден по првата хемотерапија косата почна ненормално да ми паѓа. По два дена плачење во тој момент донесов тешка одлука за мене, а тоа е да ја скратам косата, т.е. потполно да ја избричам главата. За секоја жена што минува низ сето ова најтешко е да се остане без коса“, напиша таа на една од своите објави што ги сподели на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Наида Бешлагиќ
„Мојата петта хемотерапија. Во мојата глава мисли – Уште една и готовo. Веќе пред петтиот циклус започнаа да ми паѓаат веѓите и трепките, но и тоа не ми беше проблем бидејќи фала му на Господ денес за се има решение, благодарна сум бидејќи се уште сум добро“, заклучува таа. Погледнете ги и останатите нејзини објави…