Гранд ѕвезда заради силиконите одвај остана жива: „Бев неподвижна, со огромни гради, не можев да мрднам!“
Гранд ѕвезда заради имплантите одвај останала жива
Мирна Кошанин својата музичка кариера ја започна во Швајцарија, а во 2009 година се појави во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа сега во интервју за „Нова.рс“ отворено зборуваше за проблемите што ги имаше заради имплантите и опиша низ што сé поминала.
Пејачката првите импланти ги ставила кога имала 21 година, но по неколку години нејзиното тело почнало да ги отфрла имплантите.
Таа тогаш живеела во Швајцарија каде уплатила реконструкција на имплантите во една клиника, но кога се разбудила била потполно неподвижна.
„Не можев да го мрднам ни малиот прст. Со часови молев да ми донесат вода, никој не ме слушна. На крајот човекот кој беше со мене во шок собата онака опериран ми донесе вода“, вели Мирна и додава дека следното нешто на што се сеќава е чудната реакција на сестрата кога прв пат ги видела нејзините нови гради.
Подоцна како што ѝ објаснил докторот на пејачката, морал да ѝ вгради гради со големина „петка“, наместо „тројка“, и сето тоа заради проблемот со претходната операција кога и биле вградени првите импланти.
Тогаш дошла нејзината тетка, ја извадила од болницата, а тие и ветиле дека ќе и подарат уште една операција.
Но, како што самата кажува, за брзо време ѝ се влошила состојбата, по што добила сериозна инфекција, а никој не сакал да ги тргне конците, бидејќи не сакал да поправа нешто што не го направил.
Почнаа да ми откажуваат рацете и нозете. После три месеци ме возеа за Белград, да ги тргнам конците, три месеци носев дренови, тоа нон-стоп течеше. Татко ми и брат ми беа со мене, ми ги тргнаа конците, го сретнав докторот што н сакаше да го коментира сопствената работа.
Но нејзината трагедија не завршува тука. Повторно и се отвораат раните, почнува да и тече крв, п повторно ја враќаат во болницата.
Ме шиеја на живо, викав како магаре, цела болница ме слушна. Потоа имав уште 4 операции, вели Мирна.
Нејзината агонија траеле од 2011 до 2018 година, се додека на крај нема да ја сретне докторката Биљана Чертиќ која што ќе ја спаси.
„Од естрадата се повлеков заради тоа. Ми пишуваа толку грди коментари – ова ли е онаа силоконката? Ова ли е онаа што секој ден се оперира“, се присеќава фолкерката на тешкиот период низ кој што поминала.
Како таа изгледа денес, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Мирна Кошанин
Фото: Инстаграм/ Мирна Кошанин
Фото: Инстаграм/ Мирна Кошанин
Фото: Инстаграм/ Мирна Кошанин
Фото: Инстаграм/ Мирна Кошанин
Фото: Инстаграм/ Мирна Кошанин
Фото: Инстаграм/ Мирна Кошанин