Еве што навистина се случи помеѓу Гоца и нејзиниот сопруг
Пејачката Гоца Тржан неодамна го претстави својот нов спот за песната „Жена за една ноќ“ во кој се појавува и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ.
Тие во спотот глумат пар кој се разведува, па пред камерите во шега изјавија дека се разведуваат.
„Новата песна секој може да ја толкува на свој начин. Се сетив на сите мои претходни промашени врски и колку лошо се чувствував како некој што е во врска, а всушност потполно е занемарен и неважен. Песната е посветена на жените кои не се љубовнички, туку просто се наоѓаат на последното место, изјави Гоца за српските медиуми.
„Во мојот спот се појавува и мојот сопруг, со кого се разделувам, за ваша среќа, дали сега си слободен за сите овие?“ го праша Гоца својот сопруг Раша пред новинарите, по што тој одговори потврдно.
„Тоа е трик, тоа е маркетинг, тоа е она што ние постојано го правиме“, изјави Гоца и се им заблагодари на спонзорите во спотот, како и на сопругот.