TV

Гоца Тржан и Раша донесоа конечна одлука за посвојување на дете: Ќе го сакам како мојата Лена, пејачката емотивна откри се за најголемите стравови!

Стравува дека детето ќе ги бара биолошките родители...

Реклама
Реклама

Јавноста е запознаена дека Гоца Тржан и Раша Новаковиќ со години се борат за потомство.

фото инстаграм/Гоца Тржан

Маркетинг

Имено тие важат за еден од најхармоничните парови, а бидејќи не им се исполни големата желба да имаат заеднички деца, во еден момент размислувале и да посвојат дете.

Маркетинг

фото инстаграм/Гоца Тржан

Пејачката од претходниот брак ја има ќерката Лена која сегашниот избраник на Гоца ја прифатил како негово дете.

фото инстаграм/Гоца Тржан

Многу обиди за ин витро оплодување не дадоа резултат, па Гоца Тржан и Раша Новаковиќ донесоа одлука да  посвојат дете.

фото инстаграм/Гоца Тржан

Но за жал пејачката и нејзиниот сопруг немаат можност за посвојување бидејќи според закон разликата меѓу посвоителот и посвоеното дете не може да биде повеќе од 45 години.

фото инстаграм/Гоца Тржан

– Постапката за посвојување деца е застрашувачка бидејќи мора да се исполнат различни барања, а има и одредени ограничувања. Мора да собираш хартии и да се бориш со глупости две-три години. Разговарав со Сергеј Четковиќ, кој ги посвои ќерките и кој ќе се обиде да направи нешто за да ги забрза тие процедури.

фото инстаграм/Гоца Тржан

– Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете кое финансиски ќе го издржуваме –  открила за „Глорија“ Гоца, која сега на оваа чувствителна тема зборуваше во нејзината емисија „Ако зборувам“ со нејзиниот пријател Сергеј Четковиќ, кој и самиот е татко на две посвоени девојчиња.

фото инстаграм/Гоца Тржан

– Со Радомир разговаравме за посвојување. Ќе ви кажам кој е мојот страв кога станува збор за посвојување. Мислам дека тоа е најубавото нешто што човек може да му го даде на друг човек, а тоа е сигурност, љубов, иднина…

фото инстаграм/Гоца Тржан

– Пред се иднината, да го спасиш од нешто што е сосема неизвесно и којзнае како би изгледало без тебе – ја отвори душата пејачката откривајќи го својот најголем страв:

фото инстаграм/Гоца Тржан

– Бескрајно сум емотивна исто како тебе, толку многу се вложувам и се плашам дека ќе посвоиме дете и ќе го сакам како што ја сакам Лена и дека еден ден ќе се случи како во тие американски филмови. Ако детето сака да се врати кај биолошките родители, мислам дека моето срце ќе се скрши на 500 милиони парчиња – искрена беше Гоца.

фото инстаграм/Гоца Тржан

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button