Готвачите ги наредија своите кецели на плоштадот во Брисел, сакаат да се сврти вниманието кон нивната тешка положба
Во Белгија како и во повеќето европски држави, кафеаните, рестораните и хотелите не работат веќе два месеци. Тамошните готвачи се обидоа да ѝ го свртат вниманието на јавноста на тешката состојба на угостителите, со перформанс на плоштадот во Брисел.
Кецелите на 300 најдобри белгиски готвачи беа уредено наредени на најпознатото туристичко место во Белгија, во редови кои потсетуваат на гробишта.
Во угостителството работат 10 отсто од Белгијанците и карантинските мерки доведоа до големи егзистенцијални проблеми.
Во Белгија се отворени и сите продавници, но баровите и рестораните ќе останат затворени барем до јуни.
Швајцарија најави отворање на угостителските објекти во понеделник, а Германија во текот на наредната седмица, но се додека границите се затворени ќе има многу малку гости.