Гостите качени на маса, а таа со полни раце бакшиш – познатата МАКЕДОНСКА фолкерка ги крена сите на нозе (фото)

Полека, но сигурно ковид мерките попуштаат, а со тоа и настапите на пејачите се сè почести.

Фолкерите, но и поп пејачите се почесто се гости по дискотеките и кафеаните кои се преполни.
Една од нив е и Елена Велевска која речиси секој викенд има настапи, а сега се пофали и со видео од еден настап во кафеана.
Гостите распеани, некои од нив качени и на стол, а Велевска со полни раце бакшиш.




Нема сомнеж дека добро се потрудила за да ги забавува гостите, а тие ја наградиле.
Инаку таа неодамна славеше роденден и во домашна атмосфера ги дувна роденденските свеќички заедно со своите деца.


Имено, нашата фолк ѕвезда објави фотографија на која е со своите две ќерки и синот, но и нивниот миленик кој ужива во прегратките на Калија.
На фотографијата сите изгледаат задоволно и среќно, а посебно децата што успеале да ја израдуваат нивната мајка.



„Среќниот човек е како сонце. Каде оди сè осветлува“, напиша пејачката во описот на фотографијата.
Таа и покрај тоа што е мајка на три деца сега изгледа подобро од многу нејзини помлади колешки, а нејзините фотографии што ги објавува на социјалните мрежи го привлекуваат вниманието на голем број фанови.








