Гори интернетот од ова издание на водителката на „Брза кујна“ – хулахопките со овој мал детаљ никого не оставија рамнодушен
Елегантно издание на нашата позната водителка
Познатата водителка Сања Савеска едноставно блескаше иако беше облечена во црно од глава до пети, освен чизмичките кои беа посебна приказна…
Познатата водителка со секое свое појавување блеска и ги освојува симпатиите на голем број гледачи.
Нашата позната водителка Сања Савеска на својот профил на социјалните мрежи објави модно издание со кое никого не остави рамнодушен.
Облечена во црно од глава до пети таа изгледаше елегантно и гламурозно во исто време, а деталите посебно ги воодушевија жените.
Шармантната водителка на најпопуларното кулинарско шоу во Македонија која плени со својата смиреност и позитивен дух кој го обожаваат и колегите, овој пат го украде шоуто на социјалните мрежи и покажа модно издание кое на многу дами може да им биде инспирација за овој период од годината.
Таа едноставно блескаше иако беше облечена во црно од глава до пети, освен чизмичките во кафеава нијанса.
Но токму ваквиот избор беше и полн погодок со кој направи совршен контраст и додаде посебна доза на сексапил во целото издание, посебно што ги носеше во комбинација со еден детаљ што сите го забележаа.
Станува збор за црните хулахопки со точки, кои веќе некое време се хит и важат за омилен модел на многу дами.
Сања на овој начин суптилно ги истакна своите убави нозе, додека со елегантната фризура и нежна шминка во есенски тонови додаде доза на сексапил и направи да изгледа уште поубаво и попривлечно.
Од друга страна и црното плисирано здолниште во комбинација со црната ролка и сакото направија вистинска модна бајка во режија на водителката, па следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Погледнете уште неколку интересни изданија на нашата убава водителка…
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска
Фото: Инстаграм/ Сања Савеска