Горд татко на прваче: Сине мој да бидеш добар и да ја слушаш учителката, напиша градоначалникот на Кисела Вода
Малиот Ведран е гордост за мама и тато, тој е прваче и од сликите можеме да забележиме дека е пресреќен што ќе оди на училиште.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го испрати својот син на првиот училишен ден.
Малиот Ведран е гордост за мама и тато, тој е прваче и од сликите што ги објави тато можеме да забележиме дека е пресреќен што ќе оди на училиште.
Сине мој, да бидеш добар ученик и да ја слушаш учителката, да се почитувате со другарчињата бидејќи овие пријателства од училишните клупи траат вечно, а тато и мама секогаш ќе бидат твоја поддршка бидејќи ти си најважното во нашиот живот, напиша Ѓорѓиевски на објавата на социјалните мрежи.
Маркетинг
Бројни коментари под објавата му посакуваат успех на Ведран во образованието.
Ти честитаме прваче наше и ти ја посакуваме целата среќа на овој свет! ❤️
Ведран се запиша во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во наслебата Кисела Вода.
Градоначалникот им честита на сите првачиња успешна учебна година.
Честитки и на сите првачиња и родители, ова за сите нас е посебен ден кој вечно ќе се памети, напиша тој.
Фотографиите се од приватна архива на градоначалникот, јавно достапни на неговиот профил на инстаграм.