Горат социјалните мрежи кога ќе се спојат енергиите на познатата македонска Гранд ѕвезда и Босанката што го освои регионот
Нивната песна веќе е голем хит во регионот..
Пејачот од Охрид, Александар Јосифовски, и Босанката Белма Хусеинефендиќ на Охридскиот фестивал се преставија со песната „Глупаво е да си сам“, а пред неколку дена излезе и спот за дуетот на српски јазик.
Јосифовски и Белма не кријат колку се среќни заради овој заеднички проект, а еве и како дошло до нивниот спој.
„Кога Горан Шарац ми кажа дека би требало да најдеме девојка која својот дел би можела да го испее онака како што замисливме, веднаш и се јавив на Белма, бидејќи нејзината енергија што ја поседува е нешто што не се гледа секој ден. Не размислував многу за тој потег, бидејќи кога прв пат ја запознав, знаев дека таа нејзина енергија на мене ми одговара. Едноставно таа е некој што живее така и така пее“, изјави Александар, пренесе „Гранд.онлајн“.
На Белма веднаш и се допаднала идејата да снимаат заедно и го прифатила предлогот без да размислува.
И по големиот успех на 29-то издание на Охрид фест, кога ја освоија публиката со песната, тие во септември го снимија и спотот.
Истиот е снимен во Охрид и Скопје, во режија на Кристијан Љушев, и на Јутјуб има само позитивни коментари.
Инаку, Александар и Белма станаа блиски додека се натпреваруваа во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тие и двајцата се пласираа во финалето, со тоа што Јосифовски го освои второто место, додека Белма заврши една од десетте најдобри во музичкото шоу.
Како што вели Александар, тие се знаат и од претходната сезона, и многу пати разговарале да ги спојат нивните енергии и да направат заедничка песна, која сега е на добар пат да стане вистински хит, како во Македонија, така и во соседна Србија, но и во Босна и Херцеговина од каде е Белма.
Бонус галерија
„Новиот“ дом на Јосифовски
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм