Холивуд

Голото торзо на Ѓоковиќ предизвика расправа за двојните стандарди на тениските терени

Advertisement

Познатиот тенисер со своето однесување на „US Open“ поттикна жестока расправа на социјалните мрежи.

Advertisement

Имено на мечот против Австралиецот Џон Милман кој беше накратко паузиран поради извонредно жешките температури во Њујорк, кога Милман побара „тајм аут“ како би може да се пресоблече од испотена во чиста маица, Новак Ѓоковиќ направи нешто што ја поттикна расправата. Тој седеше на клупата без маица и се ладеше, а светската јавност токму поради тоа беше револтирана, односно поради двојните стандарди на игралиштето.

Оние што го следат „US Open“ оваа година сигурно не можеше а да не го забележат скандалот кога минатата недела француската тенисерка Ализе Корне, која кога забележа дека во соблекувалната ја облекла маицата наопаку, на теренот ја соблече и ја сврти на вистинската страна поради што веднаш беше казнета за непристојно однесување, иако под маицата имаше женска спортска маичка.

„Значи Ноле може слободно да се одмора на своето столче без маица, додека Ализе Корне не смее да го покаже својот спортски градник, а да не биде казнета?“, „Ова е ОК, а девојка во спортски топ не е“, беа само некои од негативните коментари на револтираните љубители на тенисот со кои преку Твитер ја критикуваа организацијата на „US Open“.

Ова не е прв пат тенискиот врв да ја изнервира јавноста со своето ригорозни забарани. Минатата недела и претседателот на „French Open“, Бернард Гуидицели издаде предупредување и за Серена Вилијамс со кое и се „забранува во иднина да игра во тесни комбинезони“ бидејќи на тој начин покажува и се однесува непристојно кон играта.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button