Познатиот пар несебично помага и собира помош за жртвите од земјотресите што на 6 февруари ја погодија Турција.
Земјотресите што ја погодија Турција и кои се почувствуваа во многу градови однесоа десетици илјади животи.
По разорните потреси многу познати имиња задно со спасителите помагаа во извлекувањето на оние што останаа заробени под урнатините, како и во собирањето помош и парични средства.
Едни од нив се и Бурак Озчивит и неговата колешка и сопруга Фахрие Евџен кои дадоа свој придонес и со собирање на донации преку Јутјуб, а познатиот актер кој се прослави со улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ помогна собирајќи пари и на еден настан во Дубаи.
Тој исто така беше дел од екипата што собираше пари во емисија која се емитуваше на осум канали во исто време.
Како што објавија турските медиуми, Бурак приходот од еден настан организиран во Катар го донирал за жртвите од земјотресот. Тој беше трогнат од она што се случи, па уште првиот ден по земјотресот се огласи на социјалните мрежи и ги остави следниот коментар:
„На мојата Турција и посакувам брзо да закрепне. Го молиме Господ за милост за нашите жители што ги изгубија животите во ова катастрофа. Моето сочувство на нивните семејства и блиски, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша тогаш Бурак на Инстаграм.
Инаку, Бурак само неколку недели пред страшните земјотреси по втор пат се оствари во улога на родители.
Имено, тој и неговата сакана Фахрие Евџен на крајот од јануари го добија синот Керем, кој е три години помлад од Каран.
Бурак кој е најпознат по улогите во „Сулејман Величествениот“ и „Кара севда“ и Фахрие Евџен која нашата публика ја запозна по улогата на Неџла во сапуницата „Кога лисјата паѓаат“, се во брак од 2017 година.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм