Mесец октомври ќе донесе промени за овие три хороскопски знаци.
Близнаци, по 10 октомври, саканата личност ќе ви понуди поголема поддршка од вообичаено, но нема причина за грижа. Едноставно, сакани сте. Ако во животот немате вистински и искрен пријател, можно е таква личност да запознаете до крајот на октомври. Судбоносна средба ве очекува на 20 октомври. Не ризикувајте на деновите 12, 18 и 21 октомври. Тогаш, избегнувајте и конфликти со Риби и Шкорпии.
Лав, по 15 октомври, можни се жестоки кавги со колегите. Дел од месецот ќе биде комплициран за Лавовите, но потоа доаѓа промена и обнова. Време е да направите нешто што долго сте го планирале, а не сте имале храброст да го направите досега. Што и да одлучите, ќе ви оди од рака. Бидете внимателни на 25 и 28 октомври. Не одговарајте на критиките на Вагите, Биковите и Водолиите.
За Вагите, ова е месец на големи одлуки. Трудете се да не влегувате во конфликти со колегите, бидејќи би можело да дојде до сериозни расправии. Ќе запознаете интересна личност по 20 октомври, но не се врзувајте со неа пред добро да ја запознаете. Не им верувајте на Стрелците и Близнаците. Поволен момент за патување е од 14-28 октомври.