Вести

ГОЛЕМА ТАГА – Почина познатиот актер!

Познатиот актер почина во болница на 82-годишна возраст

Advertisement

Почина познатиот Дамблдор

Сер Мајкл Гамбон почина на 82-годишна возраст во болница, соопшти неговото семејство.

Advertisement

Како што изјавиле, Мајкл починал како последица на пневмонија.

Тој беше најпознат по улогата на професорот Албус Дамблдор во шест од осумте филмови за Хари Потер.

Сер Мајкл се појави и во „Fantastic Mr Fox“ , го играше францускиот детектив Мегре и глумеше во „The Singing Detective“.

Во соопштението се наведува дека Гамбон починал мирно во болница како последица на пневмонија, како и дека покрај него биле сопругата Ен и синот Фергус, по нападот на пневмонија.

Гамбон ја започна својата актерска кариера со Лоренс Оливие како еден од првобитните членови на Кралскиот национален театар.

Во текот на неговата шестдецениска кариера, тој доби три награди Оливие, две награди на здружението на актерите на екранот и четири награди БАФТА.

Во 1999 година, кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез за заслуги во драмата.

Своето филмско деби го имаше во „Отело“ во 1965 година, а играше меѓу другите во филмовите „Готвачот, крадецот, неговата сопруга и нејзиниот љубовник“, „Крилјата на гулабот“, „Говорот на кралот“ и „Квартет“.

Тој стана особено познат по улогата на Албус Дамблдор во серијата филмови за Хари Потер од 2004 до 2011 година, заменувајќи го покојниот Ричард Харис.

Својата 60-годишна кариера ја започна со Лоренс Оливие и беше многу сакан од помладата публика како гореспоменатиот Албус Дамблдор.

Познатиот актер е најпознат по улогата на Албус Дамблдор во филмовите за Хари Потер.

Неговата сопруга Ен Милер и синот Фергус Гамбон во соопштение изјавија дека се уништени што ја објавуваат веста за загубата на саканиот сопруг и татко и дека тој починал мирно во болницата, каде Ен и Фергусон му биле најголеми поддржувачи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button