Вирално

Голема тага – почина момчето за чие лекување во Турција граѓаните собраа пари за само неколку дена

Кико боледуваше од ретка и тешка болест, Атаксија-телеангиектазија, која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба.

Advertisement

Почина Кристијан Коцев-Кико, момчето што изминативе неколку дена ја крена целата македонска јавност.

Малиот Кико требаше да замина итно на лекување во Турција, за што на неговото семејство имаше потреба од финансиски средства, кои што благодарение на хуманите луѓе од нашата земја, беа собрани за неколку дена.

Advertisement

Но за жал неговата здравствена состојба се влоши и покрај тоа што последните неколку дена се лекуваше во Систина.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Кристијан имаше ретка дијагноза Атаксија – телеангиектазија, која на крај беше посилна иако момчето се бореше како лав.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Трагичната вест на социјалните мрежи ја потврди и Стефан Лазаров кој цело време беше во контакт со родителите на Кико.

Advertisement
Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Благодарение на јутуберот Стефан и неговата хуманост, како и хуманоста на граѓаните за Кико за кратко време беа собрани пари.

Стефан пред само два дена соопшти дека состојбата на Кико му се подобрила, но и дека неговата ситуација се менува на секој час.

Фото: Фејсбук/ Стефан Лазаров

Откако беа собрани парите за лекување, тој разговарал со родителите на Кико и се чекаше ситуацијата да му се одобри и да замине за Турција.

Но за жал, Кико и покрај тоа што беше голем борец, не издржа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button