ГОЛЕМА ТАГА – Почина ДЕСЕТГОДИШНИОТ СИН НА ПОЗНАТИОТ АКТЕР!

Веста за смртта ја соопшти мајката на момчето.
Австралискиот актер Ека Дарвел, познат на публиката по улогите во филмовите на Марвел, го загуби десетгодишниот син, кој почина од ретка форма на тумор на мозокот.

Ѕвездата од филмот „Планета на мајмуните“ ја остави кариерата на страна и се пресели во САД на лекување на малечкиот, но за жал момчето не ја преживеа оваа борба.
Веста за смртта ја соопшти мајката на момчето.

– Ги повикувам сите да се собереме во заедничка молитва за него, бидејќи тој е со нас и секогаш ќе биде. По 463 дена долга борба, тој конечно е слободен и танцува во светлината.
Со својата љубов успеа да допре многу луѓе во животот. Тој со својата храброст и чисто срце ќе продолжи да ги освојува највисоките фреквенции на ангелското царство – напиша таа.

Пред неколку месеци родителите на момчето ја споделија веста дека тој целосно закрепнал, но туморот многу брзо се вратил.




