Вести

Познатата актерка почина на 42-годишна возраст

Advertisement

Актерката Аманда Дејвис почина на 42-годишна возраст.

Аманда Дејвис, актерката најпозната по улогата во сапуницата „Еден живот за живеење“, почина на 42-годишна возраст.

Advertisement

Причината се уште не е позната, а се вели дека смртта била ненадејна, пренесува NYpost.

– Со голема тага ја потврдуваме веста за смртта на Аманда, која ненадејно почина. Семејството е скршено и бараме приватност во овој момент, се вели во соопштението на семејството.

Оваа вест шокираше многу фанови ширум светот, особено оние кои ја следеа нејзината работа во популарната серија на Еј-Би-Си.

Дејвис е ќерка на познатата актерка Ерика Слезак (77), инаку добитничка на Еми. Таа го наследи талентот на мајка си и постигна забележителна улога во сапуницата „Еден живот за живеење“, освојувајќи ги симпатиите на публиката со своите извонредни актерски способности, по кои ќе остане запаметена.

Според нејзината мајка, Аманда починала „многу ненадејно“ во понеделникот, а причината за смртта се’ уште не е утврдена. Оваа мистериозна околност дополнително ја потресе јавноста и остави многу прашања неодговорени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button