Голема радост во семејството на нашата позната водителка – сподели ПРЕКРАСНИ вести, честитки се уште добива од сите страни

Сите блескаа од среќа!

Шармантната водителка Александра Пановска Илиевска која на сите им е позната по емисијата „Брза кујна“, го прослави првиот роденден на својата ќерка Сара.
Бројни познати личности и нејзини колеги и го честитаа роденденот, а атмосферата од прославата таа ја сподели на својот Инстаграм профил.
„Една година радост, Сaра“, напиша убавата водителка под фотографијата на која малата принцезичка облечена во зелено фусранче ги гушка тато и мама, а покрај неа се преубавата торта и голем број балони.

Целиот простор беше украсен како вистинско мал рај за славеничкатѕа која уживаше во прославата и им се радуваше на подароците.

Следуваа и голем број честитки од воодушевените пријатели и фанови во коментарите под фотографиите што ги објави Александра.

Таа и нејзиниот сопруг со кого пред година дена се оствари во улога на родител, блескаа од среќа заедно со нивната наследничка.

Гордите мама и тато се определија за интимна прослава, а водителката за оваа пригода избра зелен фустан како и Сара.
„Нека и е најсреќен роденденот на Саричка! Голема да расте, среќна, весела и со безгрижно детство! Најгорди да ве направи“, беше само една од бројните честитки што Александра ги доби од своите пријатели.
Фото: Инстаграм/ Александра Пановска Илиевска