Билјана Јевтиќ и Аца Илиќ го имаат синот единец на кого му го дадоа името Иван.
фото инстаграм/Аца Илиќ
Парот не крие дека тој е најголемата среќа за нив и колку се горди на него.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Иван Илиќ по сопствена желба се запиша на Правниот факултет и досега добро му оди, а љубовта ја најде токму во академската клупа.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Тој и неговата девојка Ангела, вчера прославија годишнина од љубовта а радосната вест ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
фото инстаграм/Иван Илиќ
– Три години со најдобрата девојка на светот, дека те сакам е потценување – напиша Иван во објава на социјалната мрежа Инстаграм.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Колку синот на Билјана Јевтиќ и Аце Илиќ ужива во љубовта со Ангела сведочат фотографиите, а не бега од јавно искажување на емоциите.
фото инстаграм/Иван Илиќ
На Инстаграм често објавува фотографии со својата девојка, а секој може да посведочи дека неговата избраничка е исклучително убава, а бидејќи и двајцата се добри ученици, Биља и Аца не можеле ништо друго освен да се согласат со оваа врска.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Биља и Аца неодамна за Гранд проговорија за музичкиот талент на нивниот син и признаа дека ќе го поддржат доколку реши да тргне по нивните стапки.
фото инстаграм/Иван Илиќ
-Сега е на таа возраст кога го сфати квалитетот и сега ги слуша само вистинските песни од вистинските уметници. Можеби ќе се појави во „Ѕвездите на Гранд“, но прво треба да заврши факултет, ние секако ќе го поддржиме – рече Аца.
фото инстаграм/Иван Илиќ
Музичката двојка е пресреќна што за неколку години ќе има дипломиран правник а не е исклучено Иван по дипломирањето да го продолжи образованието.