Голема прослава во семејството на Соња Тарчуловска – пејачката го зеде микрофонот и цела вечер пееше
Ќерката на Соња и Јохан славеше матура
Пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски имаат голеа причина за славење.
Имено, нивната ќерка Мелани оваа година е матурантка, па гордиот татко се пофали со својата наследничка на социјалните мрежи.
Тој објави неколку фотографии на сојот профил на социјалните мрежи и покажа како изгледа нивната матурантка.
Мелани за оваа пригода избра долг син фустан со длабок шлиц, а слично фустанче носеше и нејзината помала сестричка.
Од друга страна Соња носеше виолетова тесна креација, со косата врзана во висока пунџа, и чевли со високи потпетици во розова нијанса.
Инаку, Мелани пред неколку месеци учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ каде покажа дека талентот го наследила од својата мајка.
Нејзин ментор во шоуто беше Ѓорѓе Давид, а претходно настапуваше и на Макфест и Охрид Фест.
Како таа изгледаше и на грандиозната сцена кога ја освои публиката со својот талент, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд