ГОЛЕМА ПРОСЛАВА во семејството на нашата фолкерка – честитки пристигаат од сите страни, Татајана е НАЈВЕСЕЛА
Тие важат за најскладен пар на македонската музичка сцена, а нивната љубовна приказна е пример за тоа како се одржува љубовта и после долги години брак.
Татјана Лазаревска и Новица Василевски се еди од најпопуларните пејачи во Македонија, но и надвор од неа. Двајцата зад себе имаат навистина богата кариера и многу хитови. Ниедна свадба и семејна прослава не може да помине без нивните песни.
Тие двајца се доказ дека партнер од истата професија може да биде предност, а не мена.
Музиката ги спои, а тие до ден денес успешно пливаат во брачните води.
– Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна – се потсети Лазаревска во една прилика.
Но, како и многу македонски пејачи и јавни личности и тие си заминаа од нашата земја во потрега по поубав и покомотен живот.
Заедно со нивните синови Стефан и Петар во 2015 година заминаа во далечната Австралија, каде денес судејќи според фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи, живеат одлично.
Велат дека најблиската плажа им е на половина час возење од нивната куќа и дека се пресреќни што таму конечно имаат малку подобри можности и услови за живот.
Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична. Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ недостигаат нејзините најблиски.
Но, според она што може да го идиме од фотографиите, тие буквално уживаат во секој момент. Одат на плажа, патуваат и посетуваат разни дестинации, а често знаат да си се забавуваат и со пријателите.
Деновиве тие повторно имаа причина за славење. Имено, пејачот Новица славеше роденден, а семејството одлучи убавиот ден да го прослави заедно со пријателите во ресторан и со музика, песна, играње, торта…
За ваква голема забава се одлучија затоа што станува збор за јубилеен роденден – 50. роденден.
Забавата каква доликува на такви весели личности, кои секој момент се трудат да го поминат со позитивни луѓе и музика.
Татјана на социјалните мрежи сподели фотографии и видеа преку кои ја долови атмосферата на забавата, а во еден момент се фати за микрофонот и му ја запеа на својот сакан „Ја немам други дом“.
Но, тука не завршија причините за славење во семејството. И нивниот син Петар славеше роденден, па сите заедно го прославија во еден ресторан.
Лазаравеска по тој повод му направи мало изненадување на синот, односно додека беа на ручек во ресторан келнерка донесе мал колач со свеќичка и му запеа и „Happy Birthday“.
Во едно интервју пејачката откри дека и двајцата нејзини синови се занимаваат со спорт. Петар се занимаваа со кошарка, игра за репрезентација на „Викторија“, а на Стефан кошарката сѐ уште му е како хоби, заедно со австралискиот фудбал.
Тие навистина живеат прекрасно и безгрижно, а пејачката се пофали и дека си купиле нова куќа, која таа имала можност да ја уреди по своја желба, а во која сега често ги посетуваат нивните колеги од Македонија.
Таа вели дека омилено место во куќата и е дневниот престој каде може максимално да се опушти и да гледа филмови, а како што самата изјави во една пригода, за мезето речиси секогаш е задолжен нејзиниот сопруг за кој признава дека одлично се снаоѓа во кујната.
Најредовен гостин во Австралија ѝ е мајката на пејачката. Од фотографиите кои Татјана ги има објавено може да се забележи дека неверојатно наликува на својата мајка Снежана.
Освен што одлично се снаоѓа во секоја сфера, таа и одлично изгледа. Ретко која пејачка може да се пофали со таква витка става. Мора да се признае дека пејачката која е во петтата деценија изгледа неверојатно.
Пејачката е секогаш ведра и позитивна, па токму затоа публиката ја обожава. На сите нејзини настапи и концерти публиката е на нозе, затоа што таа умее да направи луда атмосфера. Нејзините хитови е пеат наизуст.
Во нејзината Австралија сега е лето, па таа не пропушта да објави и разолени фоторафии на кои се препелка на песокот на плажа. Тања може да се пофали со тело и линија на кое дури и младите колешки ќе ѝ позавидат.
Во продолжение погледнете фотографии од нејзе и нејзиното семејство:
ФОТО: Татјана Лазаревска / Фејсбук