Голема прослава во новиот дом на Татјана и Новица во Австралија – пејачката никогаш посреќна (фото)
Ги воодушеви сите со слика од својот наследник
Синот на пејачката Татјана Лазаревска и музичарот Новица Василевски го прослави својот 20-ти роденден.
Гордата мама по тој повод се огласи на социјалните мрежи и објави заедничка фотка на која е со својот син кој порасна во вистински фраер.
Татјана и Новица пред неколку години се преселија во Австралија каде заедно со нивните синови Петар и Стефан започнаа нов живот.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Пејачката од таму често споделува најразлични моменти на социјалните мрежи, а сега по повод роденденот го покажа својот наследник.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Петар наполни 20 години, па неговата позната мама на овој начин му го честиташе и ги воодушеви нејзините пријатели од Македонија.
Посебно што фотографијата е од Охридското Езеро, со што пејачката покажа колку им недостасува родната земја.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Потсетуваме, Татјана и Новица се преселија во Мелбурн во 2015 година, а пред неколку недели имаа уште една убава причина за славење.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Имено, тогаш беше роденденот на Татјана, кога таа наполни 49 години, а прославата беше во дворот во нивниот нов раскошен дом.
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Како пејачката изгледше и тогаш, но и како изгледа нејзиниот помлад син Стефан кој на роденденот и свиреше на тапани додека таа клечеше на колена, погледнете од фотографиите во продолжение…
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Инстаграм/ Татјана Лазаревска
Инстаграм/ Татјана Лазаревска