Реклама
Наши ѕвезди

Голема прослава во домот на Хелена и Игор – споделија преубави вести, им пристигаат честитки (фото)

Познатата дама објави еден интересен заеднички момент со сопругот и тоа токму на неговиот роденден

Реклама

Поранешната водителка објави негова фотографија, но и една заедничка со коа ги изненади фановите

Хелена Роза никогаш не криела колку е вљубена во својот сопруг Игор Ѓоргиевски, поранешен македонски фудбалер.

Тие оваа година прославија 15 години брак, а сега Хелена по повод неговиот роденден објави негова фотографија на Инстаграм.

Маркетинг

Инстаграм/ Хелена Роза

„Среќен роденден, љубов моја“ напиша Хелена на фотографијата, а потоа објави уште една на која напиша: „Те сакам“.

Маркетинг

Инстаграм/ Хелена Роза

Потсетуваме, Хелена која порано беше една од најпознатите наши водителки, веќе со години не живее во Македонија.

Инстаграм/ Хелена Роза

Таа заедно со сопругот и ќерката Кјара која што ја доби од претходниот брак се преселија во Нов Зеланд, а таму им се роди синот Тиан.

Инстаграм/ Хелена Роза

Нејзината постара ќерка е вистинска убавица – Кјара има 25 години и студираше два факултети, а Тиан оди основно училиште.

Инстаграм/ Хелена Роза

И Кјара е активна на социјалните мрежи, а пред две недели ги изненади сите кога откри дека му кажала ДА на саканиот.

Инстаграм/ Хелена Роза

Оваа вест ја сподели и нејзината мајка Хелена, но и Ребека, сестрата на Хелена и тетка на убавата Кјара.

Повеќе за ова прочитајте тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button